
Американското министерство за одбрана не го поткрепува откажувањето од концептот на превентувен нуклеарен напад, на што инсистира американскиот претседател Џо Бајден, пишува Politico повикувајќи се на свои извори.
„Повеќедецениската амбиција на Бајден да ја намали улогата на нуклеарното оружје во воениот потенцијал на САД се соочува со сѐ поголем отпор од Пентагон, особено кога на виделина излегуваат информациите за растечките арсенали на Кина и Русија“, пишува весникот.
Во написот на Politico се признава дека концептот за неупотреба на нуклеарното оружје е првиот за кој ќе се дискутири, како и за можното тврдење дека единствената цел на американскиот нуклеарен арсенал ќе биде воздржување на нуклеарен конфликт. И двете би значело значително отстапување од сегашниот концепт на Вашингтон.
Подоцна во ноември треба да се одржи состанок на високо ниво во Белата куќа за ова прашање.
„Но некои во Пентагон го гледаат светот поинаку отколку претседателот, особено поради порастот на кинеските нуклеарни сили и модернизацијата на руското оружје. Така, и покрај тоа што Бајден е тој кој ќе ја донесе конечната одлука за нуклеарното позиционирање на американските сили, Министерството за одбрана веќе бара начини како да се влијае врз претседателот без да му се даде голем избор“, се наведува натаму во написот.
Изворот на весникот од Пентагон рекол дека на Бајден веројатно нема да му биде предложено откажувањето од превентивен нуклеарен напад како една од опциите за развојот на стратешките сили на САД. Но портпарлот на Пентагон, Џон Кирби, оценил дека таквите наводи се „неточни“ и додал дека во тек е „детален процес“ на разговори.
Претходно седмицава британскиот весник Financial Times објави дека американските сојузници во Европа и на Пацификот вршат притисок врз Белата куќа за да ги одвратат Соединетите држави да минат на принципот први да не го употребат нуклеарното оружје. Противници на ревизијата на досегашната политика, како што пишуваше весникот, се Велика Британија, Франција, Германија, Јапонија и Австралија.
Многумина од нив стравуваат дека Бајден размислува да се придвижи кон принципот „една цел“, според кој САД ќе може да го употребата нуклеарниот арсенал само под одредени околности. Според повеќето функционери од споменатите земји, таквиот принцип нема да ја зголеми стабилноста, туку само ќе ги „охрабри“ Москва и Пекинг.