Саутемптон минимално ја доби Астон Вила

Со погодокот на Адам Армстронг уште во 3 минута фудбалерите на Саутемптон на домашен терен ја совладаа Астон Вила во првиот дуел од 11-то коло на англиската Премиер лига.

Со третата победа во низа Саутемптон се искачи моментално на 12-то место на табелата со 14 бводови, додека Астон Вила е поразена шести пат по ред и остана на 15-то место со 10 бодови.

Водечкиот Челзи има 25 бодови три повеќе од второпласираниот Ливерпул, а ги следат Манчестер Сити и Вест Хем со по 20 бодови.

Саботната програма започнува со големото манчестерско дерби меѓу Јунајтед и Сити, а следат дуелите Челзи – Барнли, Кристал Палас – Вулверхемптон, Брентфорд – Норич Сити, Брајтон – Њукасл, а во недела играат Евертон – Тотенхем, Лидс Јунајтед – Лестер Сити, Арсенал – Вотфорд и Вест Хем – Ливерпул.