
51-годишна скопјанка утрово била пронајдена мртва во нејзиниот дом во скопската населба Кисела Вода, информира МВР.
На телото на починатата С.С. немало траги од насилство.
„Извршен е увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатата е предадено за обдукција“, се наведува во полицискиот билтен.