
Во последниот натпревар од саботната програма од 11-то коло од англиското фудбалски првенство Брајтон енд Хоув Албион и Њукасл Јунајтед одиграа без победник 1:1, а со ист резултат во Лондон заврши дуелот на водечкиот Челзи со нископласираниот Барнли.
Брајтон дојде во водство во 24 минута откако Леандро Тросард реализираше најстрога казна, но Њукасл израмни во 66 минута преку Ајзак Хајден. Нервозните домаќини кои до крајот на дуелот настојуваа да дојдат до сите три бода во втората минута од судиското продолжение останаа без исклучениот Роберт Санчез.
Шестопласираниот Брајтон во моментов има 17 бодови, како и петопласираниот Манчестер Јунајтед и седмиот Арсенал, додека Њукасл сѐ уште нема победа и е препоследен 19-ти со пет бодови колку што има и последниот Норич, пет бодови помалку од зоната на опстанок.
Претходно во саботата серијата последователни победи водечкиот тим Челзи ја запра на четири, откако на својот „Стемфорд Бриџ“ одигра само 1:1 со Барнли. Каи Хаверц во 33 минута ги доведе во водство домашните, но гостите изненадија во 79 минута со израмнувачкиот погодок на Матеј Видра.
Челзи сега има 26 бодови, три повеќе од вториот Манчестер Сити, кој претходно како гостин на „Олд Трафорд“ го совлада во градското дерби Манчестер Јунајтед, а недостижен е и за третопласираниот Ливерпул кој има четири бодови помалку со меч помалку. Барнли дојде до само осмиот бод сезонава и е на 18-то место на табелата.
Актуелниот англиски фудбалски шампион Манчестер Сити го совлада Манчестер Јунајтед со 2:0 со двата погодока постигнати во првото полувреме. Натпреварот отиде на страната на Сити кога уште на самиот почеток Бејли во 7 минута направи голема грешка во обидот да избие прилично безопасно нафрлување од Жоао Кансела лошо ја зафати топката и го измами својот голман Де Хеа за предност на гостите.
Сити потоа умешно завладеа на теренот, доминираше во поседот на топката и целосно го оневозможи Јунајтед да го организира својот напад. Конечните 2:0 ги постави Бернардо Силва кој во 45 минута на втората статива дочека уште едно нафрлување од Кансела кој го пропушти целата одбрана на „Црвените ѓаволи“, а многу лошо на шутот на Португалецот реагираше и Де Хеа.
Во продолжението на натпреварот Сити рустински ја чуваше преднсота, додека Јунајтед ниеднаш не му се закани на гостинскиот голман.
Со овие три бода Манчестер Сити скокна на второто место на табелата со 23 бодови, три помалку од водечкиот Челзи а еден повеќе од третопласираниот Ливерпул кој има еден меч помалку. Манчестер Јунајтед моментално е петти со 17 бодови.
Фенерџијата Норич Сити ја оствари првата првенствена победа созонава, и тоа на гости кај Брентфорд со 2:1. Гостите поведоа веќе во 6 минута преку Матијас Норман, а водството од пенал во 26 минута го удвои финскиот напаѓач Теему Пукки. Домашните до крајот успеаја само да намалат во 60 минута со голот на Рико Хенри.
Норич и натаму е последен 20-ти со само пет бодови, а Брентфорд моментално е 14-ти со 12 бодови, а го загрозуваат 16-от Вотфорд и 17-от Лидс Јунајтед кои имаат по 10 бодови и меч помалку.
Кристал Палас во вториот дел на свој терен оствари сигурна победа над Вулверхемптон, а стрелци беа Вилфред Заха во 61 и Конор Галахер во 78 минута.
Вулферхемптон остана 8-ми со 16 бодови, а Кристал Палас е сега место подолу со бод помалки. И двата клуба во недела може да назадуваат на табелата, зашто ги следат Тотенхем со 15, како и Евертон и Лестер со по 14 бодови но со натпревар помалку.
Во недела играат Евертон – Тотенхем, Лидс Јунајтед – Лестер Сити, Арсенал – Вотфорд и Вест Хем – Ливерпул.