
Во последниот саботен натпревар од 12-то коло на италијанското фудбалско првенство, Аталанта со 2:1 го совлада домашниот Калјари а фаворизираниот Јувентус тешко дури во судсикото продолжение дојде до минималната победа над Фиорентина.
Хрватскиот интернационалец Марио Пашалиќ во 6 минута ја следеше акцијата на соиграчите и од близина ја погоди домашната мрежа по додовањето од Запакоста. Калјари израмни во 27 минута кога Жоао Педро ѝ побегна на одбраната на Аталанта, но Дуван Запата во 43 минута одлично се загради во шеснаесетникот на Калјари и од свртување погоди за ново водство на тимот од Бергамо,,
Аталанта со победата стаса до 22 бода и четврта на табелата со два бодат зад третопласираниот Интер, а деват зад водечкиот тандем Наполи и Милан, и сите три тима имаат по меч помалку. Ја напаѓа петтата Рома која има 19 бодови и меч помалку.
Фудбалерите на Јувентус успеаја во судиското продолжение да го скршат отпорот на гостите од Фиренци кои од 73 минута имаа играч помалку, откако беше исклучен Никола Миленковиќ. Во првата минута од судиското продолжение шутот на Хуан Квадрадот откосо се одби од блокот на Бираги и го измами Терацијано кој не го затвори добро поблискиот агол.
Со оваа победа осмиот Јувентус бодовно се израмни со седмата Фиорентина, и двете екипи имаат по 18 бодови, како и шестиот Лацио кој има и натпревар помалку.
Претходно во саботата играчите на Специја побегнаа за момент од зоната на испаѓање благодарејќи на минималната победа од 1:0 на свој терен над Торино. Важниот погодок го постигна Јакопо Сала во 58 минута со одличен удар од 20-ина метри.
Специја со трите бода скокна на 15-то место со 11 бодови, сега три помалку од 12-от Торино.
Во недела играат Венеција – Рома, Сампдорија – Болоња, Удинеза – Сасуоло, Наполи – Верона, Лацио – Салернитана и миланското дерби Милан – Интер.