
Финскиот возач Валтери Ботас од тимот на Мерцедес ќе стартува од најдобрата позиција во неделата трка за големата награда на Мескико благодарејќи на најдоброто остварено време во квалификациите одржани доцна вечерта по средноевропско време од 1:15.875 минута, а во првиот ред до него ќе биде клупскиот колега Британецот Луси Хамилтон кој имаше време од 1:16.020 минута.
Болидите на Мерцедес беа најбрзите во последната квалификациска рунда, а Ботас единствениот успеа да извози круг на патеката во Сиудад де Мехико побрз од 76 секунди. Со тоа третпат сезонава а 19-ти пат во кариерата 32-годишниот Финец ја освои „пол позицијата“.
Од вториот стартен ред ќе тргнат двете возила на Ред Бул, моменталниот водечкиот во генералниот пласман Холанѓанецот Макс Верстапен со остварување 1:16.225 и миленикот на домашната публика Серхио Перез со 1:16.342 кого во квалификациите го бодреа повеќе од 30.000 навивачи.
На Ботас како најбрз во квалификациите му беше доделен специјален трофеј, реплика каква што своевремено носел легендарниот ас Хуан Мануел Фанџо.
Големата награда на Мексико е 18-та од предвидените 22 трки во Светскот првенство во класата Формула 1 ова сезона и ќе се вози во неделата во 20 часот по средноевропско време на патеката „Браќата Родригез“.
По 17 трки Макс Верстапен е во водство со 12 бодови предност пред бранителот на титулата Луис Хамилтон.