
Вообичаена практика е десертот да се служи по главното јадење, но една нова студија покажува дека таа навика е погрешна.
Експертите велат дека најдобро е десертот да се „прескокне“, но ако тоа е невозможно, тогаш тие препорачуваат барем да се јаде во „вистинското време“.
Имено, според истражувањето на група британски научници, „најдобро време“ за јадење на десертот е пред главното јадење. Според нив, доколку со десертот го јадеме пред главниот оброк, тогаш мозокот побрзо ќе добие информнација дека е внесено доволно количество на глукоза и побрзо ќе почуствуваме ситост.
Конзумирањето на десерт по главното јадење има спротивен ефект, бидејќи на мозокот му е потешко да одреди кога е внесено доволно количество на глукоза, па по оброкот се добива чувството дека сакаме да „каснеме“ и нешто слатко.