
Новиот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов изгуби свест и се онесвести за време на денешната прес-конференција на Христијан Мицкоски лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.
Инаку Папазов со тесна разлика од околу 19 гласа го порази својот противкандидат во вториот круг во Кочани, но огромни се притисоците за да се направи прегласување и да се изманипулира волјата на граѓаните.
Папазов се сочуваше и со сериозни притисоци од криминалното подземје во Кочани, но и полицијата, а токму во Кочани беше и киднапирана и нападната екипата на Инфомакс откако на дело фати поткуп на гласови и списоци со лични карти во ромското маало.