Сончево со температури до 25 степени

Во недела во Македониј претпладне по одделни котлини има појава на магла и значителна ниска облачност,но во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната утринска температура е во интервал од 8 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 25 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска претпладне има појава на магла и значителна ниска облачност, а од пладне сончево со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне 20 степени.

Во следните денови во претпладневните часови по котлините ќе има појава на магла или значителна ниска облачност. Во понеделник ќе се задржи стабилно и релативно топло време, а во вторник се очекува локална појава на слаб дожд и опаѓање на температурите.