
Потененцијално опасниот астероид 2004 UE, со размер од 170 до 380 метри во дијаметарот, ќе прелета во близна на Земјата кон средината на ноември, објави еден од одделите на американската агенција за вселенски истражувања NASA.
На најмалото растојание до Земјата астероидот ќе се приближи на 13-ти ноември. Според процените на американските научници, вселенскиот болид ќе прелета на растојание од 4 милиони километри, што е за повеќе од 11 растојанија од Земјата до Месечината.
Астероидот 2004 UE е вброен во групацијата „Аполини“, потенцијално опасни астероиди чиишто патеки на прелет се вкрстуваат со орбитата на Земјата. Првпат е забележан во 2004 година, според што и ја добил ознаката, а следниот пат овој астероид ќе ѝ се приближи на нашата планета во 2051 година.