Прогласена енергетска кризна состојба – 65 милиони евра за енергетските компании

Владата прогласи енергетска кризна состојба во траење од 30 дена со цел да се зголеми ликвидноста на енергетските компании и да се обезбеди стабилен енергетски пазар, но не и да се реализираат рестрикции на струја за граѓаните и компаниите, информира денеска министерот за економија Крешник Бектеши на прес конференција.

Тој рече дека владата го прифати предлогот на комисијата која донесе одула врз основа на извештај на МЕПСО  во кој се наведува дека има кроиза во снабдувањето со електрична енергија , поради помалото производство на домашнитек омпании и високата цена на струјата.

Бектеши рече дека кризната состојба е да се вбризгаат пари во енергетските компании и да се стабилизира пазарот на струја.

– Единствена мерка од оваа одлука да се вбризгаат финансиски средства во енергетските компании за да се стабилизира енергетската состојба. Се интервенира со буџетски средства во износ од 4 милијарди денари за  увоз на електрична енергија и подобрување на производството на електричната енергија. Цел покрај другото е да се обезбеди ниска цена на струјата за домаќинствата – рече Бектеши.

За остварувањена целта се вклучени сите енергетски компании и владата.

– Не се предвидуваат рестриктивни мерки, но како опција и рестрикциите се во игра – рече Бектеши.

Бектеши информира дека на денешната седница на владата не се разгледувала точка за покренување одговорност на раководните тимови во енергетските копании, но во наредниот период ќе се утврди одговорност за состојбата.