Франција со новите нукларни реактори обезбедува енергетска независност, најави Макрон

Франција ќе гради нови нуклеарни реактори за помалку да зависи од другите земји во снабдувањето со енергија, да ги исполни целите за ублажувањето на глобалното затоплување и да ги контролира цените, најави претседателот Макрон.

„Првпат по неколку децении повторно во Франција ќе поченем да градиме нуклеарни реактори и ќе продолжиме да ги развиваме обновливите извори на енергија“, изјави францискиот пртседател во вторникот во телевизиското обраќање до нацијата.

Оваа одлука е неопходна за цените на енергијата да бидат „разумни“, изјави Макрон, алудирајќи на остриот скок на цените на струјата и на гасот во изминатите месеци.

Новите нуклеарни реактори „ќе ја гарантираат енергетската независност на Франција, ќе го гарантираат снабдувањето на нашата земја со струја и остварувањето на нашите цели, особено за јаглеродната неутралност до 2050 година“, додаде Макрон без да наведе поединости.

Француската владата досега тврдеше дека нема да започнува нови проекти за градење на EPR реактори од третата генерација пред завршувањето на повеќепати одложуваната нуклеарна централа во Фламанвил која доцни веќе десет години и во многу ги надмина проектираните средства.

Макрон на почетокот од претседателскиот манда вети дека до 2035 година ќе биде намален уделот на нуклеарната енергија во енергетската мешавина од 75 до 50 отсто.

Сега е очекува дека владата ќе најави градење на шест нови EPR реактори во следните седмици. Франција, со тоа, се решава за поинаков пат од ониј кој го зацрта Германија по нуклеарната катастрофа во јапонска Фукушима во 2011 година,, забрџувајќи го згаснувањето на нуклеарните централни.

Еколошката организација Greenpeace осто го критикуваше најаувањето на градбата на новите нуклеарни реактори во Франција, тврдејќи дека тоа е „губење на врската со стварноста“, имајжќи ги предвид проблемите со проектот во Фламанвил.