
Премиерот Зоран Заев ниеднаш не остана на зборот, па така се случи и со оставката најавена на 31-ви октомври кога СДСМ загуби на локалните избори, но тоа е типично за Заев, рече аналитичарот Богдан Илиески на гостувањето на телевизија Канал 5 во емисијата „Само вистина“.
Илиески се осврна на посетата на холандскиот премиер Руте и актуелните проблеми во земјава. Посетата на холандскиот премиер Марк Руте, според него, е само дел од посета на неколку земји.
„Од оваа посетна нема да се донесе јаглен за РЕК, ниту ќе донесе современа терапија протв корона. Нас тука ни треба реално да се работи и да се решаваат тековните проблеми“, рече Илиески.
Според Илиески, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја добие довербата утре, односно че биде изгласана недовербата на Владата ќе има многу работа.
„Работите мора да почнат од некаде. Шансата што ќе ја добие екипата на ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да се занимава со многу други проблеми како енергетска криза, корона криза, прашањето со Бугарија кое е одамна и слично“, рече Илиески.