
Градот Ченгду во југозападна Кина денеска соопшти дека извршил тестирање на 30.000 посетители на голем забавен и трговски центар, што е второ масовно тестирање на голем број луѓе во последните денови.
Сите тестови биле негативни на Ковид-19.
Не е познато колку посетители имало во New Century Global Center, кој има многу продавници, канцеларии, голем воден парк и универзитет. Тој зафаќа површина од 1,7 милиони квадратни метри, површина колку четири Ватикани.
Ченгду, град со повеќе од 20 милиони жители, забележа неколку случаи на зараза со Ковид-19 во последните денови.