
Резултатите од изборите беа кристално јасни во тоа каде граѓаните го даваат легитимитетот. СДСМ и господин Заев, премиерот во заминување и во оставка претпоставувам, бидејќи гледам се предомислува често, ја претворија кампањата во референдум за национални политики и во таа смисла доблесно е да се реализира тоа што е ветено, односно оставката да се ефектуира и да се остави простор за влада која што ќе работи реформски, рече Тимчо Муцунски, одговарајќи на новинарско прашање околку можноста за пад на Владата, на заедничката прес-конференција со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Според него, резултатите од изборите покажале дека изминативе четири години сме имале „антиреформска влада”.
„Време е за влада која работи во насока на вистински реформи“, додаде новиот градоначалник на скопската населба Аеродром од редовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.