Притворена фудбалерка на ПСЖ

Фудбалерката на Пари Сен Жермен и на француската репрезентација Амината Диало е притворена поради учество во напад врз соиграчка од клубот, пренесе во средата AFP.

Спортскиот весник L’Equipe извести дека 26-годишната Диало е осомничена дека учествувала во физичкиот напад врз соиграчката и исто така француска репрезентативка Кеира Амрауи на 4-ти ноември.

Амрауи и Диало биле во исто возило кога двајца маскирани мажи ја извлекле Амрауи од автомобилот и ја удираче со железна ѓипка по нозете. Инцидентот го потврдија и од клубот ПСЖ, но засега не е позната поводот за нападот.

Во вторникот вечерта Диало беше во составот на ПСЖ во победата од 4:0 над Реал Мадрид во рамките на Лигата на шампионките, а Амрауи која игра на истата позиција не беше во составот.

Диало седум пати досега настапуваше за француската репрезентација, а во ПСЖ дојде од Гинган во 2016 година.