
Македомнската престолнина има потенцијал да израсне во модерна европска метропола со можност за економски, општествен и културен развој преку користење на знаењето, искуството и германските добри практики, беше заклучено на средбата во средата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и германската амбасадорка Анке Холштајн.
-Денес со Германската амбасадорка Н. Е. Анке Холштајн остваривме средба на која разговаравме за можностите за зголемување на билатералната соработка особено меѓу Град Скопје и збратимените градови Нимберг и Дрезден. Скопје има потенцијал да израсне во модерна европска метропола со можност за економски, општествен и културен развој преку користење на знаењето, искуството и германските добри практики, информира Арсовска.