
Забележан е продолжитечен Сончев блесок, и за зголемената соларна актвиности објави во средата Вселенскиот метеоролошки центар на Националната управа за океаски и атмосферски истражувања на САД.
Појавата е забележана во вторникот околу 18 часот по македонско време. Регистрираниот блесок бил калсифициран како М2, односно умерено силен. Одблесокот, според соопштението, се случил истовремено со исфрлање на короналната маса. Постои можност исфрлањето на масата да не биде насочено кон Земјата и да мине покрај орбиата на нашата планета.
Сончевите блесоци се класифицираат во зависност од моќноста како А, Б, С, М и Х. Облаците со плазма кои Сонцето ги исфрала во текот на ваквите настани за два до три дена може да доведат до појава на магнетна бура на Земјата, објаснуваат научниците.
Се смета дека слабата магнетна бура може да предизвика мали нарушувања во работата на електроенергетските системи и да влијае врз пореметување на миграциските патеки на птиците и животните, додека посилните влијаат врз краткобрановите комуникации и навигациските сисеми, а може да предизвика и напонски бранови во индистриските мрежи. Блесокот од класата М2 има способност да ги наруши комуникациите во делови на Земјата.