
Вечера, од 18 часот е нормализирано водоснабдувањето во Општина Аеродром.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, поради технички причини при работењето на најавениот дефект на булевар „Јане Сандански“ бб, пред ТЦ „Бисер“, освен корисниците од зградите 24 и 26, од 12:30 часот со намален притисок во водоснабдувањето беа и дел од корисниците од булеварот „АСНОМ“, булеварот „Видое Смилевски – Бато“ и Реонски центар Аеродром.