
Новиот Закон за работни односи ќе понуди модерни решенија што се во интерес на работниците, пишува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.
„Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците“, објави Шахпаска на својот фејсбук профил.
Додава дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со посветена работа во насока на унапредување на работничките права и очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон.