ВИДЕО| Талибаните парадираа во Кабул со американско и руско вооружување

Талибанските борци одржаа во неделата воена парада во авганистанската престолнина Кабул користејќи ги запленетите американски оклопни возила и руски хеликоптери во демонстриањето на својата трансфорамција од бунтовничка сила во регуларна војска.

Талибаните две децении дејствуваа како бунтовничка групација, но ги искористија големите резерви од оружје и воена опрема кои останаа во август кога странските сили се повлекоа од земјата а се распаднаа безбедносните сили на владата која ја поддржуваше меѓународната заедница.

Со парадата беше одблежано завршувањето на обуката на 250 воници, изјави портпаролот на министерството за одбрана Енајатула Кваразми.

Десетици американски оклопни возила „M117“ полека минуваа по главната авенија во Кабул, додека над нив летаа застарените советски хеликоптери „Ми-17“. Снимките покажуваат дека талибанските војници биле вооружени со американските јуришни пушки „М4“.

Поголемиот дел од вооружувањето и опремата која сега ја користат талибанските сили, САД ги испраќаа за силите на владата во Кабул во обидот да се создаде авганистанска национална армија којашто самостојно ќе може да се справува со талибаните. Тие сили се распадаа веднаш кога започна повлекувањето на странските сили и бегството од земјата на претседателот Ашраф Гани, поради што талибаните без борба преземаа голем дел од воената инфраструктура.

Талибанските функционери соопштија дека пилотите, механичарите и другите струњаци од поранешните авганистанските национална војска ќе бидат интергирани во новите сили, а талибанските борци почнаа да носат стандардни воени униформи наместо традиционалната паштунска облека со која се бореа како герилци.

Според минатогодишниот извештај на специјалниот инспектор за обнова на Авганистан, САД на авганистанската влада ѝ испорачале одбренбена опрема и услуги проценети на над 28 милијарди долари, вклучително оружје, муниција, возила, уреди за ноќен надзор, летала и надзодни системи, во периодот од 2002 до 2017 година.

Некои од леталата, авиони и хеликоптери, завршија во централноазиските земји каде што избегаа авганистанските војници од каде сега ги бара назад авганистанската преодна влада на талибаните кои запленија дел од опремата. Но, нејасно е колку од тие летала се операбилни. Кога американските сили се повлекуваа, онеспособбиле повеќе од 70 летала и десетици оклопни возила а ја онеспособи и противвоздушната одбрана пред да замине од кабулскиот аеродром „Хамид Карзаи“ во текот на хаотичната евакуација.