
Времето денеска ќе биде облачно и ветровито. Во утринските часови ќе има магла по одделни котлини, а преку ден во западните и југозападните делови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 5, а максималната од 13 до 18 степени.
Во Скопје, наутро со појава на магла и ниска облачност, а преку денот со умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 15 степени.