
Соединетите држави ја обвинија Русија за „опасно и неодговорно“ наводно лансирање противсателитски проектил, а диреторот на NASA изјави дека е „згрозен“ од тестот кој наводно Русија го спровела на еден од своите сателити, терајќи ги астронаутите на Меѓународната вселенска станица (ISS) да се подготват за итна евакуација поради настанатиот вселенски отпад од остатотците.
Во понеделникот „Русија на недоговорен начин изведе разорно тестирање на противсателитски проектил на едн од своите сателити, Ова тестирање произвело повеќе од 1.500 остатоци, а веројатно ќе произведе уште стотици илјади помали“, изјави ноќта кон вторникот американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
„Остатоците настанати со ова опасно и неодговорно тестирање сега ги загрозуваат сателитеи и другите вселенски објекти важни за безбедноста, економијата и научните интереси во следните децении“, предупреди Блинкен. Според него тестирањето „значително ќе го зголеми ризикот за астронаутите и космонаутите на Меѓународната всекленска станица“, истакна додавајќи дека САД „ќе сораборуваат со сојзуниците и партнерите за да најдат одговор на овој неодговорен чин“.
„Ги повикуваме одговорните вселенски нации да ни се придружат во нашите напори во утврдувањето на правилата за одговорно однесување“, додаде Блинкен.
САД ги изведоа првите тестови на протисателитско оружје (ASAT) уште во 1959 година, кога сателите уште беа ретка и сосема нова технологија. Русија ланскиот април спроведе тестирање на противсателитски проектили, откако највисоките функционери на САД и НАТО истакнаа дека Вселената ќе има сѐ поголема важност за современото војување и станува ново поле на војување. Кина такво тестирање спроведе во 2007 година врз свој метеоролошки сателит, а Индија во 2019 година собори со проектил еден од своите сателити во ниската орбита на Земјата.
Според Пентагон во понеделникот била тестирана противсателитска ракета која го погодила рускиот сателит COSMOS 1408, што довело да појава на остатоци во ниската орбита на Земјата. Според NASA, сателитот ознаечен како COSMOS 1408 бил поставен во орбитата во времето на СССР во 1982 година.
Пентагон објави дека „активно работи на дефинирањето на полето на остатоците“, што значи дека ќее ја утврдува патеката на секој поединечен објект. Според соопштението, Русија „продолжува да развива системи за противвселенско оружје, кои ја поткопуваат стратешката стабилност и претставуваат закана за сите земји“.
„Внимателно го следиме видот на средства кои Русија сака да ги развие“, додаде портпаролот на Пентагон, Џон Кирибни, истакнувајќи дека Москва не го извесстила Вашингтон за наводното тестирање.
„Недозволиво е Русија не само да ги загрозува америакнските астронаути и меѓународните партнери на Меѓународната вселенска станица (ISS), туку и своите космонаути. Згрозен сум од овој неодговорен и дестабилизирачки чин“, изјави директорот на NASA, Бил Нелсон во својата писмена изјава за јавноста.
Во понеделникот седумчлениот екипаж на ISS мораше да се засолни во вселенските бродови споени на станицата за да е подготват за итна евакуација поради прелетот на фрагменти кои Роскосмос ги опиша како вселенски отпад. Космонаутите и астронаутите во понеделникот се евакуирале во вселенските бродови споени со станицата: рускиот „Сојуз МС-19“ во кој влегле Русите Антон Шкаплеров, Петр Дубров и Американецот Марк Внаде Хаи, и во американската капсула „Crew Dragon“ каде се засолниле Американците Раџа Чари, Томас Маршберн, Кајла Барон и Германецот Матијас Маурер.
Астронаутите на ISS во вторникот ќе го држат затворени внатрешните отвори поради ризиците поврзани со вселенскиот отпад, според препораките на американскиот Центар за контрола на вселенските летови. Според препораките на центарот, отворите меѓу главните модули на станицата треба да бидат затворени додека се изведуваат активностите за следење на фрагментите предизвикани од очигледно уништување на сателит, но причината за тоа не се наведува.
Ова не е прв случај во последно време на опасно приближување кон ISS на вселенски отпад. Орбиталната станица на 10-ти ноември изведе маневар за избегнување вселенски отпад, односно фрагменти од кинескиот сателит „Fengyun-1C“. Станува збор за метеоролошки сателит на Кина соборен уште во 2007 година во текот на тестовите на кинеското противсателитско оружје. Во следните два дена на ISS беа забележани опасни прелетувања на фрагменти.
Претходно руската вселенска агенција Роскосмос соопшти дека екипажот на ISS е надвор од опасност при прелетување на остатоци од веселенски отпад, без да споменива наводно испитување на проектил.
„Траекторијата на објектот поради кој екипажот според стандардната процеудар мораше да влезе во вселенскиот брод, се оддалечи од патеката на ISS“, објави Роскосмос на својот профил на Twitter.
„Драги пријатели, кај нас сѐ е во ред. Продолжуваме да работиме на наштата програма“, напиша на социјалната мрежа рускиот космонаут Антон Шкаперлов.