
Времето претпладне ќе биде умерено до значително облачно, по одделни котлини со појава на магла. Попладне облачноста делумно ќе се намали и ќе преовладува умерено облачно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури во државата ќе се движат од -1 до 6 степени, а максималните дневни од 8 до 15 степени.
И во Скопје слично ќе биде времето со максимална дневна температура од 13 степени.
Слично време ќе преовладува и во наредните денови, со исклучок на четврток за кога се најавува дека во западните делови ќе има услови за слаб локален дожд.