
Сѐ уште нема официјална информација од МВР за вечерашната акција што се спроведуваше во поддумските простории на Градскиот трговски центар, каде што во еден од магацините е откриено „копање“ на криптовалути на нелегален приклучок на струја.
На сопствениците на дуќаните во ГТЦ, со месеци наназад сметките за струја им биле драстично зголемени, а се соменевале и дека причината за тоа е токму оваа нелегална активност во магацините на објектот.
За електрична енергија дуќанџиите му плаќаат на ГТЦ, а струјата ГТЦ ја набавува преку јавна набавка.
Полицијата од засега непознати причини си заминала без да влезе во подрумските простории за каде имаше најавено дека се поставени т.н. ригови за „копање“ на криптовалути.
Инфомакс објави дека овој нелегален бизнис во подрумите на ГТЦ го води синот на починатиот пратеник Амди Бајрам Елвис Бајрам кој инаку е и советнк во Град Скопје.
За вакви нелегални активности гласно се зборува веќе подолг период, а претседателот на регулаторната Комисија за енергетика Марко Бислимовскии, јавно кажа дека во одредени делови на Скопје има зголемена потрошувачка на електрична енергија, но има и појави на кражба на струјаза т.н. копање биткоини.