Облачно со температура до 15 степени

Времето денеска ќе биде променливо облачно, претпладне со слаба магла и ниска облачност по котлините. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со слаба магла и ниска облачност, а попладне умерено облачно со слаб до умерен јужен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 13 степени.