
Специјалното државно обвинителство на Црна Гора формирало предмет по повод тврдењата на албанскиот нафтен тајкун Резарт Тачи, кој го спомнува црногорскиот претседател Мило Ѓукановиќ во контекст на меѓународното перење пари и сомнителни исплати поврзани со италијански државјани.
Како што изјави Ѓукановиќ, тој ќе се јави на повик на кој било државен орган.
-Станува збор за целосно исконструирана афера. Од кабинетот претходно беше соопштено дека не знам за кои лица станува збор, ниту сум имал каков било контакт со нив. И банката (Прва банка) кажа дека со тие луѓе никогаш немала контакт – рече тој.