
Посочи дека резултатот од изборите е јасна порака дека народот бара промени во централната власт и дека народот е незадоволен од тешката економска криза, растечката инфлација, како и континуираните неуспеси и потфрлањето на планот на европските интеграции.
„Оваа некредибилина влада се одржа единствено како резултат на киднапиран пратеник што е уште показател за хибридниот режим на Зоран Заев, наспроти волјата на граѓаните. Забележлива е измамничката политика на премиерот во заминување кој еднаш вели дека си поднесува оставка, потоа вели дека истата се одложува на неодредено време, а денес брифираат од СДСМ дека биле подготвени за нова влада. Со СДСМ нема да има нова влада, може само да има продлабочување на економската, енергетската и политичка криза и поставување на нов Заев кој ќе биде продолжение на сите негови неуспешни политики“ рече Ковачки.
Додаде дека ВМРО-ДПМНЕ затоа смета дека брзи избори би биле единственото решение за излез од таквата криза, а се друго е продлабочување на кризата и влегување во уште поголема неизвесност.
„Криминалот и непланското работење државата ја донесе на работа на енергетската криза, чии последици се плаќаат од буџетот на граѓаните, поточно од нивниот џеб. ИК на ВМРО-ДПМНЕ расправаше и за партиски прашања, при што го утврди датумот за претстојниот редовен конгрес кој ќе се одржи 12 декември во Скопје. На овој конгрес ќе трасира патот на идното делување и политиките на ВМРО-ДПМНЕ во насока на нашите ветува за обезбедување на промени во општеството и нова иднина за сите луѓе на Македонија“, додаде Ковачки.