
Министерството за внатрешни работи соопшти дека поради официјалната посета на полскиот претседател Анджеј Дуда денеска и утре ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Скопје.
– Апелираме до сите граѓани-учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите кои ќе ги даваат униформираните полициски службеници и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, како и сообраќајната регулатива за променетиот режим на сообраќај, наведоа од МВР.