Бајден се врати на должноста претседател на САД

Џозеф Бајден по неколку часа во петокот ги врати претседателските овластувања, откако беше подложен на колоноскопија под анестезија, изјави портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки.

Во текот на претходно предвидената медицинска интервенција, во согласност со американскиот Устав, Бајдени ги префрли претседателските овластувањата на потпретседателката Камал Харис.

„Претседателот на Соединетите држави разговараше со потпретседателот и шефот на кабинетот на Белата куќа околу 11,35 часот (по локално време, 17,35 часот по македонско време) утрово. Претседателот е во добро расположение и во овој момент се врати на извршувањето на своите обврски“, напиша Псаки на Twitter.

Според ставот 3 од 25-от амандман на американскиот Устав, Бајден испратил лично потпишани писма до челниците на двата дома на Конгресот, во кои ги известува за предавњето и за враќањето на овластувањата.

Според Псаки, претседателот останува во болница на воените поморски сили „Волтер Рид“ близу Вашингтон каде продолжуваат рутинските медицински прегледи. Во петокот, според работниот план, на Бајден, тој треба традиционално да „помилува“ мисирки по повод Денот на благодарноста, кој во САД ќе се одбележи следната седмица.

Белата куќа овој здравствен преглед го опиша како „рутински годишен преглед“. Ова е прв ваков преглед врз американскиот претседател од преземањето на функцијата во јануари, а изведена пред неговиот утрешен 79-ти роденден

За време на колоноскопскиот преглед, Бајден беше под анестезија, и, како што било случај досега, потпретседателот ја презема власта, што вклучува контрола врз американската војска и арсеналот на нуклеарно оружје.

Така, во петокот првпат во историјата на САД, барем на неколку часа на чело на државата се најде жена. Покрај тоа, ова е првпат Бајден да ги пренесе овластувањата на потпретседателката.

Претходно телевизиската мрежа CNN, повикувајќи се на свои извори, објави дека 57-годишната Харис се жалела дека е ораничена во нејзините овластувања  и дека намерно добива налози со кои ги губи овластувањата а кои не одговараат на нејзината надлженост и не ѝ дозволуваат да се промовира како кандидат за претседател на САД во иднина. Белата куќа ги негираше растечките тензии меѓу Бајден и Харис за кои известуваат медиумите.

Бајден како 78-годишник стана најстариот американски претседател во историјата. Иако сѐ уште се шпекулира дали повторно ќе се кандидира 2024 година, самиот тојк вели дека го очекува и вториот мандат.