
Поради уличен дефект ф 80 мм на улица „Козле“ бр.108, денеска без вода ќе бидат корисниците на улица од број 90 до број 140 и амбулантата Козле.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“, водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:20 часот, се до санирање на дефектот.