
Кастриот Реџепи беше меѓу главните критизери на владата предводена од СДСМ и ДУИ се потпиша како 61 на оној список кој требаше да биде список за гласање недоверба на владата, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на општина Илинден.
Јавноста, додаде тој, е сведок што се случуваше.
– Доколку тој, Кастриот Реџепи веруваше дека иднината која ја споменува, можеше да дојде и да гласа по своја волја. Но, сите знаат дека причината е сосема друга и поинаква, кажа Мицкоски.
Мицкоски вели дека Реџепи бил спречен да дојде и да гласа на седницата за недоверба на владата.
– Искрен да бидам, тој треба да даде одговор на прашањата, но за мене е загрижувачки дека најавите од источниот сосед се дека ќе продолжи агонијата за влез во ЕУ, а јас апелирам до меѓународните претставници да и го дадат на Македонија заслуженото, да почнеме да преговараме и да ги покажаме вредностите кои ги практикуваме, а тоа се вистинските европски вредности, кажа Мицкоски.