Нова студија: Првиот случај на Covid-19 е продавач на пазарот во Вухан

(AP Photo/Dake Kang)

Првиот познат случај на коронавирусната болест Covid-19 бил продавач на пазарот за храна во Вухан, главниот град на централната кинеска покраина Хубеи, а не сметководителот за кого се чини дека не е бил поврзан со истиот пазар, но чиј случај продонесе за нагаѓањата дека вирусот можело да истече од тамошната лабораторија, според новата американска студија, се наведува во студијата објавена во четвртокот во научното списание Science.

Потеклото на новиот коронавирус SARS-CoV-2 кој ја предизвикува болеста Covid-19 останува нејасно и е една од главните причини за нападот од страна на САД за Кина за нетранспарентност.

Заедничката студија на Кина и Светската здравствена организација (СЗО – WHO) годианва речиси ја отфли теоријата дека коронавирусот настанал во лабораторија и дека „избегал“ од Институтот за вирологија во Вухан, наведувајќи дека најверојатната хипотеза е дека луѓето се заразиле по природен пат, веројатно преку исхрана со заразени диви животни.

Група стручњаци на СЗО минаа четири седмици во Вухан и во негвоата околуна со кинеските научнции и во заедничкиот извештај во март годинава заклучија дека вирусот SARS-CoV-2 веројатно бил пренесен од лилјаци на луѓето преку друго животно, но дека се потребни натамошни истражувања.

Сметководителот, за кого главно се сметаше дека е првото лице кај коешто е потврден Covid-19, извести дека неговите први симптоми се појавила на 16-ти декември 2019 година, неколку дена откако првично се верувапе, вели Мајкл Вороби, шеф на одделот за екологија и еволуциска биологија на Универзитетот Аризона. Додава дека забуната ја предизвикал проблемот со забите кој сметководителот го имал на 8-ми декември.

„Неговите симптоми се појавиле по повеќе случаи кај работници на пазарот Хуанан, поради што продавачот на морски плодови таму бил најраниот познат случај, со почеток на болеста на 11-ти декември“, се истакнува во студијата.

Во истражувањето се наведува и дека повеќето порани симптоматски случаи се поврзани со истиот пазар, поточно со тамошниот западен дел каде биле кафези со ракуни, и дека е пружен силен доказ дека потеклото на пандемијата е на пазарот на диви животни користени во традицоналната кинеска исхрана и лекување.

Во СЗО во октомври предложија нов стручен тим за истражување на потеклото на новиот коронавирус.