
Иранската револуционерна гарда објави во саботата дека запленила странски брод во водите на Персискиот залив близу јужната провинција Хормозган, кој превезувал криумчарено дизел гориво.
Командантот на флотилата 412 на Маринскиот корпус на Иранската револуционерна гарда, полковникот Ахмад Хаџијан, изјавил дека во операцијата е запленет бродот на кој се откриени 150.000 литри дизел гориво, и дека 11-те членови на екипажот се предадени на судот за натамошна посталка, пренесува полуслужбената новинска агенција Fars.
Меѓутоа, нема информација за националноста на приведените морнатри, ниту под кое знаме и во кој правец пловле бродот. Агенцијата IRNA, пак, објави фотографија од палубата на запрениот брод на кој се гледа постројка за пумпање гориво и припадници на гардата.
Агенцијата Fars објави видео во кое се гледа како глисерите на иранската елитна единица го пресретнуваат бродот на кој потоа се истоваруваат припадниците на Гардата на чуварите на исламската револуција (IRCG).
Иран, каде цените на горивата се меѓу најниските во светот поради големите резерви на нафта, државните субвенции и падот на вредноста на националната валута под притисокот на американските санкции, се справува со криумчарење на горивата преку копнен пат во соседните земји и по морски пат во богатите сунитски заливски монархии.
Иранските сили во последниот период почесто запира бродови за кои се сомнева дека се користат за криумчарење на говрива. Полковникот Хаџијан во врска со тоа изјави дека неговите единции „решително ќе се справуваат“ со криумчарите на морето за да ја заштитат иранската економија.