
Фудбалерите на Монако направија пресврт и дојдоа до бод во соочувањето со актуелниот шампион Лил одигрувајќи 2:2 пред своите навивачи на стадионот „Луј Втори“ во Монте Карло во првиот дуел од 14-то коло на француското провенство.
Гостите веќе по двете минути игра водеа со два голови предност. Канаѓанецот Џонатан Дејвид во 5 минута реализираше пенал а по четири минути и го удвои водството на Лил. Крепен Диата во 41 минута успеа да го намали водството.
Во вториот дел, иако од 78 минута имаа играч помалку, по исклучувањето на Србинот Страхиња Павловиќ, Монако успеа да дојде до израмнување во 83 минута, а стрелец беше Висам мБен Једер.
Монако моментално со 19 бодови е на 7-то место на табелата, а Лил со два бодат помалку до саботат е на 12-та позиција. Водечкиот ПСЖ има 34 бодови, десет повеќе од второпласираниот Ланс.