Откриен идентитетот на новиот сопственик на оригиналниот примерок од Уставот на САД

Аукциската куќа Sotheby’s го откри во петокот го откри идентитетот на купувачот на многу реткиот оригинален Устав на Соединетите држави за рекордните 43,2 милиони американски долари, 53-годишен милијардер кој го позајми на музеј за да можат да го видат што повеќе луѓе.

Кенет Грифин, главниот извршен директор на хеџ-фондот „Citadel“ од Чикаго, го собори рекордот купувајќи го на аукцијата во четвртокот документот од 1787 година, објави аукциската куќа Sotheby’s, која го организираше наддавањето.

Богатството на Грифин се проценува на речиси 21 милијарда долари според Forbes, според кое тој 47-от најбогатиот Американец. Фондот „Citadel“ управува со сопственост вредна 40 милијарди долари, според процената на списанието.

Грифин понудил повеќе од групата од 17.000 вложувачи во криптовалутите под назив „ConstitutionDAO“, кои успеаја да соберат 40 милиони долари за да го купат споменатиот документ. Аукциската куќа првично процени дека документот ќе постигне цена од 15 до 20 милиони долари. На крајот беше продаден малку повеќе од двојно и тоа само за осум минути наддавање.

Грифин Уставот ќе го позајми без надомест на музејот „Crystal Bridges“ во Бентонвил во американската сојузна држава Арканзас, кој исто така бесплатно ќе го изложи за посетителите.

„Американскиот Устав е свет документ кој ги содржи правата на сите Американци и сите коишто тоа сакаат да бидат“, истакнува Грифин во писмената изјава за јавноста којашто ја објави аукциската куќа. Ддоава дека овој примерок на Уставот ќе биде достапен за разгледување на сите Американци и посетители на музејот.

Станува збор за еден од само 13-те сочувани примероци на документот, печатен за потребите на Уставната конвенција одржана 1787 година во Филаделфија, кои тогаш им се поделени на учесниците на конвенцијата, и еден од само двата примерока во приватна сопственост.

Докуменот последен пат на наддавањет беше продаден во 1988 година кога постигна цена од 165.000 долари. Го купи сега покојниот Хоуард С. Голдман, њујоршки милијардер, развивач на недвижнини и колекционер на американски автограми, документи и вредни ракописи.

Приходот од продажбата ќе оди во добротворната фондација која го носи името на неговата сопруга, Дороти Тапер Голдман. Фондацијата финансира образовни програми за студенти, а целта ѝ е да го унапреди разбирањето на демократијата во јавноста.