
Претседателот Стево Пендаровски не смета дека земјава е влезена во бугарско сценарио. Политичките случувањата, оценува, се уште се одвиваат во рамки на парламентот, низ процедура и тоа е добро. Лошо ќе биде, вели, ако се прелеат на улица.
Како што рече Пендаровски во вечерашното гостување на ТВ Сител, најголемата заблуда е дека тој во ваков случај треба да свика лидерска средба.
Шефот на државата останува на ставот дека оставката што ја поднесе премиерот Зоран Заев е избразана одлука, но тоа, потенцира, е веќе завршена работа.
– До овој момент не сме влезени и не верувам дека ќе влеземе во бугарско сценарио, зашто тоа би значело дека ниту една од партиите да не може да направи мнозинство и да мора да се оди на предвремени избори. Мислам дека одолговлекувањето е само зашто најавата на Заев е дека би сакал прво да го избере партискиот лидер па тој потоа да биде мандатар на новата влада – истакна Пендаровски.
Во однос на спорот со Бугарија, Пендаровски порача да се скоцентрираме на оние кои евентуално ќе направат нова влада. Радев, потсети Пендаровски, во моментов е единствената функционална институција и таква ситуација во Бугарија може да има до 14 декември.
– Можеме да разговараме што тие мислат. Што бараме да зборуваме за Самоил, ако критериумот е ЕУ? – рече Пендаровски