10.8 C
Skopje
петок, февруари 28, 2025

Мицкоски: Голема трагедија за Македонија, сочувство до семејствата

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку статус на Фејсбук изразува жалење за автобуската несреќа која се случи утринава во Бугарија.

-Нема зборови што може да ја искажат тагата во вакви моменти.
Сочувство до семејствата на загинатите.
Ова е голема трагедија за Македонија, стои во неговиот пост на Фејсбук.