
Дури 24 македонски фирми се регистрирани на истата адреса во Ќустендил, на која е регистрирана фирмата сопственик на македонскиот автобус, кој изгоре утрово на патот Струма, пренесува btvnovinite.bg, повикувајки се од податоци во трговскиот регистер на Бугарија.
Новинарска екипа се упатила на адресата, на која се наоѓала станбена зграда, а во станот, што е посочен како адреса живеела стара и болна жена.
Таа изјавила дека нејзиниот син пред 10 години работел во таа фирма и од тогаш немале никаква врска со фирмата.
Фото: Принтскрин -btvnovinite.bg