
Денеска, околу 14:50 часот на автопатот А4 кај Загреб, недалеку од Света Хелена, одекна гласна експлозија.
Според полицијата во Загреб се судриле автомобил и цистерна, по што цистерната експлодирала. Пожарникарите се на лице место и гасат. Засега нема податоци за повредени.
Експлозијата се слушнала на неколку километри оддалеченост.
Прекинат е сообраќајот на таа делница.