
Во првиот натпревар од 14-то коло на италијанското фудбалско првенство, Калјари и Салернитана одиграа без победник 1:1.
Домашните поведоа во 73 минута преки Леонардо Паволети и се чинеше дека ќе остварат важна победа во борбата за опстанок. Но Салернитана не дозволи Калјари да ѝ побегне од дното на табелата и успеа да израмни во 90 минута со голот на Федерико Бонаѕоли.
Калјари останува претпоследен 19-ти со осум бодови, колку што има и Салернитана која е закована на дното. На чело на Серија А се Наполи и Милан со по 32 бодови, четири повеќе од третопласиораниот Интер, а седум од четвртата Аталанта.
Во сабота на распоред се дуелите Сампдорија – Верона, Емполи – Фиорентина, Венеција – Интер и дрбито во Торино меѓу Јувентус и Аталанта.
Во недела играат Удинезе – Џенова, Милан – Сасуаоло, Специја – Болоња, Рома – Торино а колото го заокружува уште еден дерби дуел меѓу Наполи и Лацио.