
Според последните информации на косовските медиуми, во петокот вечерта крај местото Глоѓани отворен е оган од автоматско оружје врз автобус со кој се превезувале главно ученици при што загинале најмалку четири лица.
Според сознанијата на електронското издание Koha на самото место загинале возачот и кондуктерот на автобусот, како и две помлади лица, на 18 и на 17-годишна возраст.
Од болницата во Пеќ потврдиле за телевизијата Klan Kosova дека загинале двајца студенти и возачот на автобусот. Од болницата, исто така, рекле дека бројот на ранетите не е познат, но според неофицијалните сознанија на телевизијата две лица се во критична состојба.
Од косовската полиција е потврдено дека неколку маскирани лица го нападнале автобусот, дека е убиен возачот, но според нив неколку ученици биле ранети.
Автобусот сообраќал од Дечани до Глоѓани, а пукањето се случило околу 19 часот.
Сељман Бериша од Центарот за семејна медицина во Дечани ја потврдил смртта на три лица. Според него, на уште три лица околу 19,35 часот им била пружена првата медицинска помош и дека се упатени во болницата во Пеќ.
„Околу 19,45 часот дежурниот лекар излезе на местото на настанот каде што е потврдена смртта на возачот на автобусот и на двајца студенти од Глоѓани. Во овој момент двајца повртедени се во билницата во Пеќ и еден во Деќани. Немаме други информации“, рекол Бериша за порталот Т7.