Сопственикот на „Беса транс“: Си велам зошто и јас не бев во тој автобус

Сопственикот на туристичката агенција „Беса транс“, Беким Хаџиу, за првпат откако се случи страотната несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија, за БНТ проговори за деталите околу патувањето и автобусот кој изгоре, при што загинаа 45 луѓе.

– Си реков: зошто и јас не бев во тој автобус, да умрам и јас во автобусот. Многупати го помислив тоа – рече  Хаџиу за бугарскиот медиум.
Тој тврди вдека автобусот бил на технички преглед пред патувањето во Турција и дека бил целосно исправен, но исклучува и дека некои од патниците внеле лесно запаливи материи. Тој негира дека туби со нелегално внесено гориво биле ставени во автобусот и додава дека во секој автобус има туби, но тие биле за води.

Хаџиу со семејството биле дел од патувањето и патувале со еден од четирите автобуси. Тој и сопругата патувале во првиот автобус, а неговите деца биле во еден од другите автобуси. За кобната несреќа разбрал на границата, на излегување од Бугарија.

– Им реков да ме однесат до местото, да видам со свои очи што се случило таму – вели Хаџиу.