
Омикрон варијантата на коронавирусот SARS-C0V-2 веројатно меѓународно ќе се прошири и претставува „многу висок“, глобален ризик, а поголем раст на бројот на заразените би можел во некои области да има „тешки последици“, порача во понеделникот Светската здравствена организација (СЗО – WHO).
Оваа агенција на Обединетите нации ги советуваше своите 195 земји членкки да ја забрзаат кампањата на вакцинирање против Covid-19 на високоприоритетните групи од популацијата, како и да „осигураат планови за ублажување на последиците“ за да се одржат неопходните здравствени услуги.
„Омикрон има невиден број мутации на шилестиот протеин, од кои некои се загрижувачки порди нивното потенцијално влијание на текот на пандемијата“, порачаа од СЗО.
Оттаму, „вкупниот глобален ризик“ порди новата варијанта омикрон се проценува како „многу висок“, проценуваат во организацијата.
Потребни се дополнителни истражувања за сфаќање на можностите на омиокрон да го избегне имунитетот кој поединецот го стекнал со вакцинирање или прележување на коронавирусната болест Covid-19, додаваат од СЗО.
Агенцијата на ОН додава дека повеќе подоатоци се очекуваат во текот на следните седмици.
„Случаи на Covid-19 се очекува и кај вакцинираните лица, но во мал и предвидлив омер“, проценуваат во СЗО.
Варијантата претходно означена како B.1.1.529, првпат ја пријавиле научниците од Јужноафриканската Република на 11-ти ноември, а по секвенционирањето на нејзиниот геном е потврдена на 24-ти ноември. Омикрон, според нив, содржи 32 мутации на S-протеинот на вирусот, односно ткн „шилестата“ белковина преку која SARS-CoV-2 продира во човековите клетка.
Од СЗО истакнуваат дека првите анализи сугерираат дека со оваа варијанта лесно може да се повтори заразата, а функционери на организацијата претходно спомнуваа дека станува збор за околу 100 мутации.
, Многу истражувачи укажуваат на веројатно високата преносливост на оваа варијанта и отпорноста на вакцините, но порачуваат дека е прерано да се извлекуваат конечни заклучоци.