7.8 C
Skopje
понеделник, март 3, 2025

ВИДЕО: Се запали уште еден автобус во Бугарија

Автобус со романска регистрација се запали меѓу Гурково и Пчелиново кај „Паса на Република“, дозна бугарската „НОВА“. Во автобусот бил само возачот. Никој не е повреден.

Во овој момент продолжува гаснењето на пламените јазици. Затворен e за сообраќај патот „Пасажот на Републиката“. МВР на Бугарија дознало за инцидентот во 18.40 часот.