
Две возрасни лица, тригодишник и тримесечно бебе, го загубија животите во вторникот утрото во пожар кој избувнач во бесправно населена зграда на поранешна банкарска агенција во центарот на Барселона, соопшти противпожарната служба на каталонската престолнина.
Шефот на противпожарната служба Анхел Лопез го потврдил бројот на жртвите од вкупно осумте лица кои бесправно се вселиле во зградата близу плоштадот Тетуан. Другите четири лица успеале да се засолнат во внатрешниот двор на комплексот и имале полесни повредени.
„Пожарникарите спасија четири лица и се обидоа да реанимират уште четири, двајца возрасни, едно дете и едно бебе, кои починаа“, објави противпожарната служба на Twitter.
И портпаролот на полицијата на Барселона потврди дека во комплексот живееле две семејства. Според него причината за пожарот сѐ уште не е позната и случајот се истражува.
Многу напуштени згради кои не се погодни за домување, а сепак во нив престојуваат бездомници но и семејства кои во големата економска криза останаа без своите домови, претставуваат голема опасност во Барселона. Пред една година неколку лица загинаа во напуштено складиште во блискиот град Бадалона.