
Во 14:15 часот вчера во Полициската станица Чаир од Меѓуопштински центар за социјална работа е пријавено дека од домот самоволно се оддалечил Д.И.(13), кој и претходно во повеќе наврати се оддалечувал и бил враќан назад.
Исто така, вчера во 13 часот во Полициската станица Гази Баба од Меѓуопштински центар за социјална работа е пријавено дека од домот самоволно се оддалечила А.А.(17), која и претходно во повеќе наврати се оддалечувала и била враќана назад.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на двете лица.