Португалскиот претседател стави вето на депенализацијата на евтаназијата

Португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза вложи вето на законот со кој се депенализира евтаназијата а кој го измени парламентот, по сомнежите кои ги изрази Уставниот суд, соопшти во неговиот кабинет.

Одлуката е донесена откако претседателот де Соуза претходно ја објави одлуката за распуштање на парламентот и за распишување предвремени претседателски избори на 30-ти јануари, што означува крај на законодавниот процес започнат во февруари 2020 година.

Доколку парламентот располага со своите полни овластувања, левото мнозинство кое го контролираше ќе можепе да го поништи претседателското вето и повторно да гласа за текстот на законот.

„Претседателот на Републиката го враќа во парламентот непотпишаниот закон за медицински потпомогнатата смрт кој ја опфаќа евтаназијата и медицински потпомогнатото самоубиство“, се наведува во соопштението од кабинетот на де Соуза објавено во понеделникот вечерта.

Претседателот Мерсело Рабело де Соуза, практичен католик и професор по право, ја образложи одлуката барајќи појаснувањето во врска со прашањата „коишто се појавуваат само во оваа поинкава верзија на законот“.

Конкретно, португалскиот претседател сака пратениците точно да наведат дали со примената на медицински потпомогнатата смрт би можела да се одобри во случај на „смртоносна“ и „неизлечива болест“ или само за „тешка“ болест, бидејќи тие поими се наведени во текстот на законот кој му е испратен на потпишување.

Првата верзија на законот беше прифатена со големо мнозинство во парламентот во јануари 2021 година, но претседателот Марсело Ребело де Соуза се обрати пред Уставниот суд кој ја оцени дека текстот на законот се заснова на нејасни поими, иако во принцип не се спротивни на потпомогнатата смрт.

Изменетиот текст беше донесен на почетокот од ноември, ден по одлуката за распуштање на парламентот поради одбивањето на предлогот за државниот буџет за 2022 годин од малцинската социјалистичка влада којашто е на власт од крајот на 2015 година, благодарејќи на радикалната левица.

Евтаназијата во Европската унија досега ја легализираа Шпанија и земјите од Бенелукс. А во Италија минатиот вторник беше одобрен првиот случај на потпомогнато самоубиство кое досега беше кривично казниво со 5 до 12 години затвор.