
Изградбата на стадионот, односно на северната трибина од функционална целина стадион “Под Тумбе Кафе” Битола е започната во 2016 година од страна на претходната локална самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, пишува на Фејсбук, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Во моментот во тек се изведуваат градежни активности по забелешките од надзорот.
Исто така во тек е постапка тендерска за набавка на столчиња за трибината.
Капацитетот на трибината ќе биде 4800 гледачи, а целиот стадион ќе собира 9980 гледачи, додава Мицкоски во својата објава.