
Утрото студено, преку денот сончево со мала, а во западните делови со умерена облачност, ќе биде времето денес. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од западен правец.
Утринските температури ќе се движат од -10 до -2 степени, а максималните дневни ќе достигнат 11 степени.
Слично време со слаб до умерен јужен ветер е најавено и за утре. Утринските температури повторно ќе бидат под нулата.